ПО ПАУЗА ОД НАД ДВА МЕСЕЦИ: Основците во Грција се вратија во училишните клупи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По пауза од над два и пол месеци, под нови правила и прописи, утрово одново заѕвони првото ѕвонче и за учениците од основните училишта во Грција. По средношколците минатата седмица, денеска и основците се вратија во училишните клупи, а се отворија и градинките.

Антисептикот и правилното информирање за новиот коронавирус стануваат секојдневие за учениците, како и посебните правила.

Во едно атинско основно училиште, учениците, во зависност од тоа кое одделение се, беа поделени во три групи и влегуваа од три различни влезови, за да се избегнат гужви, додека пак на влезот, задолжително на сите им се мереше температурата, јави дописничката на МИА од Атина.

Учениците, со оглед на тоа дека во изминатиот период имаа онлајн настава, веќе беа информирани од нивните наставници за новиот коронавирус, додека пак утрово, им се обрати и директорот за да им порача да бидат внимателни.

Мајка на девојче, кое што е второ одделение, во разговор за МИА објаснува дека наставниците и учениците нема да имаат близок контакт и нема да разменуваат книги, листови, тестови и сл. Тестовите и домашните задачи, родителите ќе ги добиваат по електронска пошта, ќе треба да ги отпечатат дома, децата да го напишат домашното и потоа да го достават до наставниците.

Одделението од 25 деца, сега е поделено во две групи по 12 и 13 ученици кои наизменично ќе се менуваат. Едната група ќе следи настава понеделник, среда и петок, другата вторник и четврток, а ќе се менуваат на една седмица.

Промени и нови правила има и во однос на големиот одмор. Секое одделение има посебен простор и во различно време од другите одделенија.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис рано утрово посети основно училиште во Атина и поразговара со учениците и наставниците.

-Мене ми е драго што, со децата со кои имав можност да поразговарам, не само денеска, туку и во изминатите денови, мислам дека имаат сфатено што треба да прават. Сите, на свој начин повторно станавме првачиња и од почеток, научивме работи, за кои што секако, вие во секој случај ги учите. Бидејќи не е само коронавирусот, постоеше и грипот, а основните правила на лична хигиена ќе нè придружуваат засекогаш. А мислам дека на дечињата некако им недостигаа нивните пријатели. Наместо да играат на игралишта или на улица без да постои некаков ред или надзор, сигурно за нив, ќе биде побезбедно на училиште, рече Мицотакис во разговор со наставниците во училиштето.

Антисептици во училниците, чистење два пати дневно, природно проветрување, по еден ученик во клупа на растојание од еден и пол метар, најмногу 15 ученици во секое одделени, наизменични одмори за да се избегнат гужви, се дел од правилата под кои ќе работат основните училишта во Грција.

Носењето маска за учениците и професорите не е задолжително, туку е изборно.

Истите правила за основните училишта ќе важат и за градинките.

Учебната година наместо на 15, ќе заврши на 26 јуни 2020 година, а градинките ќе работат до 31 јули 2020 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This