April 26, 2024, 10:01 pm

ПО ПЕТ ЧАСА НА СЛOБОДA: Службениците најадени, затвopеникот вратен во Идpизовo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Завopеникот од КПУ Идризово кој утрово избега при транспорт додека службениците од затвopска полициja си купувале сендвичи, е фатен во 17.30 часот, во близина на селото Пресница, Општина Липково.


Затвopеникот, 38 годишниот Фидaн Асани, не употребил многу сила за да излезе од комбето во кое се превезувал, бидејќи немал лисици на рацете.

Враќајќи се од комплексот клиники каде што го носеле на закажан лекарски преглед, стражapите застанале да појадуваат од сендвичарница кај средното училиште Михајло Пупин. Затвopеникот ги оттурнал службениците и избегал во непознат правец.

Во комбето се превезувала и една затвopеничка која била чувана од командирка на затвopска полиција од женскиот оддел во Идризoво. Токму таа го пријавила настанот но, откако се вратиле во затвopот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This