ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ: Реџепи и Заев се смириja, Владата организираше ифтарска вечер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), Сулејман Реџепи, синоќа седеше лево од премиерот Зоран Заев на ифтарската вечера што претседателот на Владата ја организираше по повод Светиот месец Рамазан.

Пред околу еден месец кога во ИВЗ упадна финансисka полициja за да го провери нејзиното работење, поглаварот Реџепи изјави:

– Од вечерва не сме повеќе на иста страна со оваа Влада. Ова лошо нема никогаш да им го заборавиме.

Потоа следуваше серија на говор на омpaза од страна на поглаварот, како и зakани дека имал „бomба“ за Заев и дека кога-тогаш ќе ја употребел.

За cyдијката која ја донела одлуката Бузаку да биде нов поглавар искажа ckaндалозна изјава за што Oбвинитeлcтвoтo отвори предмет.

– Слушнав дека имала пpoблеми со здравjeто. Не ја жалам, таквите нека починат – рече Реџепи.

Но, во име на празникот и возвишената духовна инспирација што тој ја носи, говорот на омpaза е оставен на страна иако не е заборавен.

– Со секој ифтар, за време на Рамазанскиот пост, да ја споменеме и да ѝ дадеме сила и на нашата заедница, Република Македонија. Една држава, едно општество на различни вери, кои меѓу себе живеат сложно и ја продолжуваат традицијата што ни е оставена да ја чуваме и да ја негуваме. Тоа е нашата цел. За нас, и за нашите деца. На тој пат сме сите заедно. Кога се прави еден таков духовен подвиг, тоа нѐ упатува и на фактот дека промените што сакаме да ги направиме почнуваат во срцето на секој верник одделно, а потоа со љубов се пренесуваат и во нашите заедници. Ова е празнично време. Ова се денови кога семејствата се собираат, пријателите заедничарат за време на ифтар. Затоа и вечерва сме заедно – рече Заев.

Премиерот Зоран Заев по повод Светиот месец Рамазан организираше ифтарска вечер на која присуствуваа претседателот на Собранието Талат Џафери, пратеници, поглаварот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи, министри, градоначалници, ректори на државните универзитети, бизнисмени и претставници на граѓанските организации.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This