March 29, 2024, 11:06 am

ПО ПРИМЕРОТ НА ЕВРОПСКИТЕ ДРЖАВИ: Доделување на бонус пратеници на победничката партија за стабилна влада!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Давањето по неколку десетици бонус пратеници на политичка партија што ќе победи на парламентарните избори не е непозната пракса во европските земји, која овозможува стабилни влади, но избор на пратеници за кои не гласале граѓаните, пишува Дневник.

Sobranie-na-RM-02-Custom

Најкарактеристичен пример за ова е искуството на Грција, која сè до лани го практикуваше изборниот модел според кој на партијата што ќе освои најголем број пратенички места ù припаѓаат уште 50 пратенички места. Со оглед на тоа што грчкиот парламент брои вкупно 300 пратенички места тоа значело дека политичките партии што до лани учествувале на изборите всушност се бореле за распределба на вкупно 250 пратенички места. Во ситуација кога изборните резултати биле тесни, добивањето бонус пратеници значително ја зацврстувало стабилноста на грчката владина коалиција што ја составувала победничката партија. Ваквото правило било укинато минатата година кога владата на премиерот Алексис Ципрас поднесе до парламентот закон со кој престана да важи правилото за дополнителни пратеници, согласно на претходните предизборни ветувања на неговата партија Сириза.

Освен во Грција, давањето бонус-пратеници се практикувало и при изборите за италијанскиот парламент, како и во малата држава Сан Марино.

Воведувањето бонус пратеници и во македонскиот парламент завчера го предложи ВМРО-ДПМНЕ при што победничката партија би требало да добие дополнителни 20 пратеници.

– Преку ваков бонус за победничката партија ќе се добие поголема политичка стабилност, образложи пратеникот на оваа партија Илија Димовски на промоцијата на партискиот документ „Манифест за Македонија“.

Предлогот предвидува овие 20 пратеници да бидат вметнати во рамките на сегашниот број од 123 пратеници или во рамките на уставната одредба што предвидува македонскиот парламент да има од 120 до 140 народни избраници. Доколку се вметнат во сегашната бројка, тоа значи дека на изборите граѓаните во земјава и во странство би избирале 100 пратеници дома и тројца во дијаспората.

– Предлогот не е стриктен и за него може да се разговара. Доколку се искаже подготвеност од другите партии да се разговара за него, бројката би можела да се смени. На пример, бонусот може да биде и помал – 10 пратеници. Целта е само победникот на изборите да добие доволен број пратеници за да има стабилно мнозинство и да не биде уценуван при составувањето на новата влада.

Практично, бројот на бонус пратениците може да се комбинира сè до нивото од 140 пратеници, што е горната граница предвидена во Уставот за бројот на народните избраници во Собранието.

Универзитетска професорка по уставно право Тања Kаракамишева смета дека вакво изборен модел има свои добри и лоши страни.

– Тој сигурно овозможува партијата што ќе победи на изборите да добие стабилна позиција и да не стравува од меѓупартиски пазарења и премислувања. Односно, таа партија да не може да биде уценувана од коалициските партнери. Од друга страна, проблем е начинот на кој такви бонус пратеници ќе бидат избирани. Таков модел предвидува тие пратеници да ги определи самата политичка партија. Односно, тие личности не би излегувале на кандидатски листи и граѓаните немаат можност за нив да гласаат – објаснува Kаракамишева.

Тоа ја отвора можноста политичките партии да избираат за пратеници личности за кои претходно не побарале доверба кај граѓаните.

Овој модел се актуализира во ситуација кога албанските партии го условија учеството во идната македонска влада со прифаќањето на нивната тиранска платформа, која предвидува редефинирањето на внатрешното државно уредување. Изборните резултати од вонредните декемвриски избори се такви што ниту една од двете водечки парти во македонскиот политички блок нема убедливо мнозинство за составување на новата влада, што значи дека комбинаториките за владина коалиција се на нестабилна партиска почва, пишува Дневник.

12 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This