March 29, 2024, 11:19 am

ПО РАНГЕЛОВА И ЗАТУРОВСКА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: Пратеничката Лилјана Затуровска поднесе оставка од партиската функција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По Даниела Рангелова, која утринава извести дека поднела оставка од фунцијата претседател на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, оставка од Унијата поднесе и пратеничката Лилјана Затуровска, која ја извршуваше функцијата генерален секретар.

„Како генерален секретар поставен од претседателката Рангелова сакам да изразам голема благодарност за довербата која ми ја даде во два наврати и правев се од себе за да ја извршувам функцијата најдостоинствено што можеше. Рангелова и тимот ја поставија унијата на жени на високото скалило во партијата и така треба да продолжи. Функцијата генерален секретар на УЖ на најголемата и најмоќната партија беше задоволство и предизвик да се извршува. Давам оставка од оваа функција со искрени желби за уште посилни успеси на идниот тим кој ке ја предводи унијата. Стојам на располагање на мојата партија почитувајки ги и извршувајки ги одуките и активности кои ке ми бидат доверени во иднина. ДА ЖИВЕЕ ВМРО ДПМНЕ И УЖ НА ВМРО ДПМНЕ“, напиша Затуровска на својот фејсбук профил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This