ПО РЕЦЕПТ НА НИКОЛА ТЕСЛА: Еве како да ги одржите физичката форма и духот

Поврзано

- Advertisement -
Никола Тесла е еден од најплодните и најкреативните умови во историјата на човештвото. До самиот крај на својот живот работел на своите големи проекти, подеднакво фокусиран и енергичен како и на млади години. Иако е општопознато дека дел од својата енергија ја „штедел“ преку аскетски, асексуален и повлечен начин на живот, сепак и натаму светот се воодушевува пред острината на неговиот дух и научниот гениј кој го зачувал до длабока старост. Во 1933 година, тогаш 77-годишниот Тесла дал интервју каде отворено зборувал за состојбата на неговите дух и тело кои достигнале натчовечко ниво на способности и свежина.
Никола Тесла
(Фото: Big think)

- Advertisement -

Тесла верувал дека во животот најважни се почетоците, во смисла дека најважните навики за секој поединец треба да се стекнат во раната младост.

…состојбата со нашите тело и дух во староста во потполност е сведоштво за тоа како сме ја поминале младоста. Тајната на мојата денешна сила и виталност лежи во фактот дека во младоста, што би се рекло, живеев живот без пороци – истакнал тој.

Тоа подразбирало и строга дисциплина:

Не сакам никаков одмор – никаков престанок на тешката работа. Кога луѓето би бирале работа во согласност со својот темперамент, вкупната количина на среќата на земјата би била неспоредливо поголема.

Како Тесла ја планирал долговечноста?

Многумина се тажни и депресивни заради краткотрајноста на животот. „Каква е целисходноста на обидите да се постигне што било?“ се прашуваат тие. „Животот е прекраток. Не можеме да живееме доволно долго за да ги довршиме нашите потфати.“ Луѓето би можеле значително да го продолжат траењето на нивните животи ако се потрудат. Луѓето прават толку многу работи што го поплочуваат патот до нивна прерана смрт.

Еве како тој размислувал за навиките поврзани со исхраната.

Пред сè, ние јадеме премногу, но тоа сме го чуле многупати. И јадеме погрешен вид храна и пиеме погрешни видови пијалоци. Најголема штета прави прејадувањето и недостатокот на вежби, што создава токсична состојба во организмот и го спечува исфрлањето на насобраните отрови.

Тесла пиел многу вода и млеко и водел сметка за својата исхрана.

Зошто да го претоваруваме своето тело кое ни служи нам? Јас јадам двапати дневно и ги избегнувам сите продукти кои создаваат киселини. Повеќето луѓе јадат премногу мешункаст зеленчук кој содржи мочна киселина и други отрови. Свеж зеленчук, риба и месо јадам ретко и умерено. Иако рибата е добра за мозокот, таа создава силна кисела реакција заради големите количини на фосфор што ги содржи. Киселоста на организмот е нашиот најголем непријател во староста.

Во друго интервју од 1935 година, потврдил дека избегнува да јаде месо.

Ги избегнувам сите стимуланси. Речиси во целост го избегнувам месото. Уверен сум дека за помалку од еден век, кафето, чајот и цигарите ќе излезат од мода. Сепак, алкохолот и натаму ќе биде во употреба, затоа што тој не е стимуланс туку вистински еликсир на животот.

Исто така, Тесла бил и голем поборник за конзумирање компири.

Компирот е одличен и би требало да се јаде секој ден. Тој содржи многу корисни минерални соли кои имаат неутрализирачко дејство.

Истовремено, тој бил и голем поборник на вежбањето.

Верувам дека треба многу да се вежба. Јас пешачам од десет до петнаесет киломери секој ден и никогаш не користам такси или други превозни средства кога имам време да ја користам силата на моите нозе. Исто така, вежбам и низ бањањето секој ден, затоа што сметам дека тоа е многу важно. Користам топла бања  после која долго се туширам со студена вода.

Строгиот дневен режим на Тесла кулминирал во навиката за спиење, која била спротивна на предупредувањата од лекарите и здравствените организации за неопходноста да се спие осум часа секој ден.

Спиење? Јас ретко кога спијам. Доаѓам од семејство на долговечни луѓе кои биле познати по тоа што малку спиеле. Се надевам дека ќе го достигнам рекордот на моите претци и ќе живеам барем 100 години. Мојата несоница не ме вознемирува. Некогаш преспивам по еден час. Сепак, повремено, на секои два месеци, отспивам по 4 до 5 часа. Тогаш се будам во целост наполнет со енергија, како батерија. После таква ноќ ништо не може да ме запре. Тогаш чувствувам огромна сила. Не постои сомнеж околу тоа дека сонот закрепнува, дава живот, ја подига енергијата. Од  друга страна, не верувам дека тој е неопходен за нечие здравје, особено ако лицето има навика малку да спие.

На своја 77-годишна возраст, Тесла велел:

Имам вистинско сведоштво за своето здравје. Во животот не сум се чувствувал подобро. Енергичен сум, силен, со целосна контрола врз сопствениот ментален склоп. Ни во најдобрите години не поседував ваква енергија како денес. И што е најважно, за решавање на проблемите користам само дел од енергијата со која располагам, затоа што научив како да ја чувам.

Наспроти раширените верувања, работата станува полесна во староста, само доколку луѓето се со добро здравје. Тие во текот на годините веќе научиле како да стигнат до целта користејќи го најкраткиот  пат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This