ПО СЕКОЈА ГОЛЕМА КРИЗА, ВМРО-ДПМНЕ СЕ ПОЈАВУВА УШТЕ ПОСИЛНО: Затворите се премали за да не уапсат сите кои сме задоени со идеалот за самостојна Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска на протестот организиран од страна ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за правда, пред граѓаните се обрати еден од основачите на партијата, Мане Јаковлевски. Тој кажа дека е истомисленик на околу 40.000 ветерани кои ја освежиле идејата за независна Македонија.

-Токму таа партија што тогаш ја формиравме, која тогаш ја формиравме, која успеа да го оствари сонот на нашите претходни генерации, денеска повторно, како и во минатото е изложена на најбрутални притисоци. Сакаат да ја уништат ВМРО-ДПМНЕ, сакаат да уништат нешто што не може да се уништи. Иако како орли се нафрлиле на ВМРО од сите страни, ве уверувам, а и на нив им порачувам нема да им успее, изјави Јаковлевски.

Јаковлевски напомена дека ВМРО-ДПМНЕ не е само политичка партија, дека ВМРО е идеологија, која имала свои успеси и свои падови.

-Но секогаш после секоја голема криза, повторно се појавува уште посилно. Денеска протестираме затоа што Заев и надворешните центри на моќ, затворија мајка со три малолетни деца, првенци од Миланската сакала, актери, лекари, режисери, наши браќа од патриотските здруженија и денеска пратеници, кажа Јаковлевски.

Како што кажа тој, како што тргнале уште ќе апсат, ќе го полнат македонскиот затвор со Македонци, исто како на времето кога нивните предци ги полнеле Идризово и Голи Оток.

-За разлика од тогаш, денес сме многу кои сме задоени со идеалот за самостојна Македонија, нема место сите да не уапсат, затворите се премали. Денес преку окупираните институции се празнат затворите од криминалци и терористи, а се полнат со патриоти, чија единствена вина е што ја сакат Македонија. Ова што го прават денес е како да се разбудија духовите на информ бирото, а до каде ќе оди оваа хистерија ќе зависи од сите нас, што се собравме денеска на ова студенило, изјави Јаковлевски.

Тој повика да се крене гласот до сите оние кои со душа и срце си ја сакаат Македонија, бидејќи како што кажа не се само тие, дека ги има многу илјадници.

-Денес македонската држава е нападната од странски центри на моќ, заедно со петтоколонаши насочени против идеалот на ВМРО, организација која претставува единствена пречка за разнебитување на македонската држава. Јас тука пред сите вас повикувам на македонско национално единство, национално помирување. Во спротивно ќе биде како во историјата, пресметка меѓу Македонци, изјави Јаковлевски.

Јаковлевски кажа дека никогаш не размислувал за одмазда меѓу Македонците, но ова што го прави Заев и челниците на СДСМ еден ќе биде наплатено со камата.

-Заради многуте неправди што ни ги прават ве повикувам да бидеме единствени, да ги збиеме редовите и да бидеме уште погласни. Кога сме заедно не ќе можат да не скршат, правите вмровци сме научиле да се бориме, изјави Јаковлевски.

16 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This