April 26, 2024, 10:16 pm

ПО СЕКОЈА ЦЕНА: Пресуди ли политиката Груевски по секоја цена да биде затворен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ниту за судот, ниту за специјалното јавно обвинителство не постојат казни доколку во законски рок не дадат мислење по барањето за одложување на затворот за екс премиерот Никола Груевски, кој испрати молби и до третостепениот и до кривичниот суд.

Можеби и затоа скопска единица, отстапи од праксата, па за Груевски рокот за извршување го скрати на 13 дена, бидејќи жалбата пред Врховен не го одложува извршувањето. Се поверојатно е дека случајот на Груевски ќе почека во фиока, но заради негова штета, а не корист.

Врховен не може да одлучува по жалбата, без мислење од СЈО, рокот на Катица Јанева и е 15 дена, но ништо не ја спречува мислењето да го достави и после утврдениот рок, оти казнени одредби за тоа не постојат.Откако ќе стигне мислењето од СЈО, Врховен може да закаже седница веднаш, а може и по неколку месеци и за ова нема краен рок ниту казнена одредба.

Ако се закаже седница веднаш, од третостепениот суд ќе зависи дали веднаш ќе донесе мерка за запирање на извршувањето, или истото да го прекине ако веќе Груевски е во затвор, се додека врховните судии не се произнесат по вонредното преиспитување на пресудата. Таква одлука имаше во случајот со екс премиерот Владо Бучковски за аферата „тенковски делови“.

Од друга страна судијата за извршување санкции во кривичниот суд Пајазит Пајазити до следната среда или најдоцна четврток ќе треба да одговори по молбата на Груевски за одложување на извршувањето.

Може и да ја прифати и да ја одбие, бидејќи формално правно сам одлучува. Доколку ја одбие, во рок од три дена Груевски има право да се жали на Кривичен совет, а судиите од тој совет за 3 дена треба да одговорат. Но што ќе победи, правото или политичкиот притисок за кој зборуваше Груевски.

Јавноста во април беше сведок дека судот замижувал за извршители на тешки кривични дела, па дури и кога во прашање биле бегалци по кои затворите имале распишано потерница. Таков беше случајот со Фејзи Азири, обвинетиот во случајот Монструм. По него штипскиот затвор имаше распишано потерница, бидејќи по одложување на казната затвор од неколку месеци, поради наводна астма, не се јавил во затвор за да си ја отслужи казната за друг случај – нелегално оружје.

Азири беше бегалец три месеци, во исто време и обвинет за тероризам за случајот Монструм, но ниту од судот ниту од СЈО имаше некакви последици за тоа. По притисок на медиумите, Азири беше принуден да оди да си ја одлежи затворската казна.

Се погласни се апелите на правните експерти, дека случајот на Груевски е политички случај, а лично и тој во повеќе наврати посочи дека судиите само формално носат одлуки, односно дека инструкции стигнуваат од политичари. Ваков политички монтиран процес еден ден ќе биде историја, како што за нашите генерации историја се ваквите случаи од пред 70 тина години, против личности кои денес не само што се рехабилитираа туку претставуваат симбол на македонскиот непокор, коментираат аналитичари за Алфа. Груевски не само што 11 години не дозволи смена на името, туку и нападнат со 5 обвиненија и една правосилна затворска пресуда, во петокот на 19 –ти, одлучно застана против промената на името во македонскиот парламент.

Поранешниот премиер е осуден на 2 години затвор бидејќи влијаел да се набави блиндирано возило, односно сакал и тој понекогаш кога неговото возило е на сервис, покрај високите вип гости, да се вози во мерцедесот. Прилично неубедливо дури и за најсилните противници на Никола Груевски.

Извор: тв алфа

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This