ПО СРЕДБАТА ВО ВИЕНА ЌЕ ИМА ПРИФАТЛИВ ПРЕДЛОГ: Заев очекува да се направи следен чекор за името што ќе биде прифатлив за двете страни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 30 март ќе дознаеме во кој правец се движиме во однос на решение за името, истакна денеска премиерот Зоран Заев на прашањето за очекувањата за решение за името, по посетата на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас и неговите предлози.

© AP Photo/ Darko Vojinovic

– Фокусот е на 30 март кога очекувам суштина во самиот процес на преговорите, затоа што дури и кога стигнуваат текстовите тие се обично форма или рамка. Не може никој да стави нешто внатре додека нема некоја суштина во преговарачкиот процес. Очекувам дека ќе се направи следен чекор којшто ќе биде прифатлив за двете страни, а спроед мене би бил втор од крај последен чекор или трет од крај последен чекор. Така да очекувам да се движиме кон нешто кое што можеби ќе не доведе до решение. Тоа е, кое што ќе го дознаеме од нашите министри посебно од нашиот Никола Димитров.

Околу посетата на Коѕијас, Заев рече дека разговарале за важноста на соработката и пријателството меѓу двете земји, како и за посетите на Македонците во Грција, која лани ја посетиле над еден милион наши граѓани, што според него, покажува колку се поврзани граѓаните на двете земји. (МИА)

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This