ПО СРЕДБАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СО ЗЕКИРИ: Во Гази Баба ќе се гради училиште за настава на Албански

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За 100 ученици Албанци од с. Идризовои ќе биде изградено училиште со настава на албански јазик,соопшти денеска градоначалникот на Општина Гази Баба.

Одлуката доаѓа по негодувањата на граѓаните на соседно Јурумлери кои се противат во тамошното основно училише „В.П Његош“ да биде отворена паралелка на албански јазик.

Во новото училиште во Идризово настава би се одржувала од прво до деветто одделение и каде би учеле околу 100 ученици. Одлуката беше соопштена по средбата на градоначалникот на општината Борис Георгиевски со пратеникот на СДСМ, Мухамед Зеќири и претседателот на Советот на родители, Ризван Сефери. Георгиевски изградбата на училиштето ја предвидува за рок од три месеци, односно второто полугодие да почне во новиот објект. Парцелата за новиот објект е е во сопственост на Општината.

Градоначалникот Борис Георгиевски посочи дека предлогот за изградба на подрачно основно училиште ќе биде презентиран и пред родителите на средба која ќе се одржи оваа сабота со почеток од 17 часот. На средбата родителите и учениците ќе бидат детално запознаени со предлогот, кој нуди трајно решение на ова прашање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This