April 25, 2024, 12:51 pm

ПО ТЕШКО БОЛЕДУBАЊЕ: Почина двократниот шампион на Вимблдон

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Австралискиот тенисер Питер Мекнамара (64) ја загуби бopбата со пакот.

Мекнамара, кој е роден на петти јули 1955 година во Мелбурн, а од 1974 до 1987 година беше активен на АТП турнирите, каде освои пет титули во сингл и се искачи на седмото место на листата на најдобри тенисери, попознат беше како играч во двојки. Во оваа конкуренција доби статус нал легенда, откако три пати освои грен слем титула.

Два пати победи на Вимблдон (1980 и 1982 година), а еднаш се закити со трофејот на Австралија опен (1979). Вкупно во двојки освои 19 титули и беше трет играч во светот во оваа конкуренција.

Мекнамара и по завршувањето на кариерата се задржа во тенисот и се оствари во улога на тренер. Го тренираше Австралиецот Марк Филипусис, кој стигна до финалето на Вимблдон, како и Григор Димиртов, Метју Ебден и Кинската Чијанг Венг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This