April 25, 2024, 12:31 pm

По 20 години на пазарот, kpизата ги затвора H&M, Зара, Paul&Bear и Страдивариус

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По 20 години огромен профит, таканаречената „брза мода“ претрпува огромни загуби и производителите како што се шведскиот H&M, шпанска „Зара“, „Paul&Bear“,  „Страдивариус“ затвораат илјадници продавници ширум светот. Без работа остануваат и во развиените држави и работниците во сиромашните земји, објави „Хафингтон пост“.

Според проценките на „Бизнис и мода“ (The Business & Fashion), глобалната индустрија за мода, облека и чевли ќе има меѓу 25 и 30 проценти загуби поради пандемијата и кризата. Таа индустрија, на глобално ниво, заработува 2,5 илјади милијарди годишно.

Кон тоа се додава и фактот дека глобализираната евтина мода се произведува во оддалечени делови на светот, што за време на пандемијата на коронавирусот придонесе за нарушување во комуникацијата.

„Ковид-19 откри само проблеми со производство на брзата облека каде не им оди добро веќе долго време. Премногу производство има, не е одржливо за планетата, изјави за весникот Данило Вентури, директор на Меѓународниот институт за моден дизајн и маркетинг „Полимода“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This