Поpoeн дожд и гpмeжи – Oд утре нова промена на времето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на денешниот ден локално ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Ќе започне да дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39 степени.

Во Скопје и околината денес ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе започне да дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 35 степени.

Потоа од утре ќе имаме стабилизирање на времето, односно времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, утре ќе дува умерен, особено Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец додека максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.

Повторен пораст на температурите ќе има во вторник кога максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This