ПРАВДАТА ЌЕ СТИГНЕ, НО ЗАСЕГА БАРЕМ СЕ ДОМА: По голготата, Дурловски и Божиновска конечно ќе може дома да ги прегрнат своите најмили

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Игор Дурловски и Елена Доцевска Божиновска по голготата која ја поминаа конечно ќе може да се вратат во своите домови и да ги прегрнат најблиските.

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 го прифати барањата на Обвинителството и на оперскиот пејач Игор Дуловски и Елена Доцевска-Божиновска, вработена во Собранието на Република Македонија, притворот им го замени со куќен притвор.

Божиновска и Дурловски беа меѓу приведените за настаните од 27. април во Собранието, кои се сомничат за тероризам.

Во домот на семејството на Елена, Божиновски, до скоро било забрането да се ѕвони на врата, бидејќи нејзините деца Софија и Наум, во секој момент ја очекувале нивната мајка.

Божиновска е мајка на две деца на возраст од 2 и 1 година, а го загуби трето кое беше на пат поради приведувањето.

Елена е родена на 23 Јуни 1980 година во Куманово во скромно работничко семејство. Ќерка е на Владко, познат автомеханичар во градот и на Верица, домаќинка и, за жал од пред неколку години, жена со дијагностицирана напредна фаза на Паркинсонова болест.

Елена е дипломиран правник при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” во Скопје, со положен правосуден испит и во тек е со пост-дипломските студии при истиот Универзитет.

Има работно искуство како адвокатски приправник, а од 2007 година е во редовен работен однос во Собранието на Република Македонија, каде и што беше за време на настаните на 27 Април 2017 година.

Има посетувано голем број домашни и меѓународни семинари и конференции и сопственик е на сертификати и признанија од истите.

Елена е сопруга на Игор Божиновски и носител на најголемата титула, како што Елена секогаш вели – мајка на Софија Божиновска (2 години) и Наум Божиновски (1 година). За време на настаните во Собранието, таа беше во блажена состојба со трето дете, но поради претрпениот стрес бременоста беше прекината.

Светски познатиот оперски пејач од миланската скала, исто така беше приведен за тероризам, само затоа што си ја сака и ја бранеше Македонија.

Oперска пејачка Ана Дурловски, сопруга на Игор Дурловски, неодамна се пожали за време на неодамнешните гостински настапи во Штутгарт и Дрезден на политичка репресија врз граѓаните во нејзината татковина Македонија.

-Народот во Македонија се плаши- рекла 39-годишната уметничка на маргините на претставата во „Ариоданте“ во Државната опера во Штутгарт.

-Не постои владеење на правото или слобода на печатот во балканската држава, само политичка репресивност. Време е меѓународната заедница да ги отвори своите очи за авторитарните тенденции на земјите кои се стремат кон ЕУ. Игор Дурловски, кој е исто така пејач (бас) познат во западните земји до пролет беше уметнички директор на операта во Скопје, а од ноември е во притвор под сомнение за тероризам. Вкупно 36 лица беа уапсени на крајот од ноември за „заканување на уставниот поредок и безбедноста преку тероризам“ -пишуваа германските медиуми.

-Сигурна сум дека тој е невин- рече Дурловски за нејзиниот сопруг, кој е познат и во Германија.

-Адвокатите зборуваат за политички прогон. Конкретни тврдења или дури и докази за делото за кое се товарат притворените, не постојат досега. Петнаесет униформирани мажи пристигнаа на 28 ноември во 06:00 часот и го зедоа Игор со нив пред нашиот најстар син – рече Дурловски, која пееше во Штутгарт во операта “Ариоданте”.

Инаку, веќе неколку години, светот го запознава басот Игор Дурловски како интерпретатор на партии од оперскиот и концертниот репертоар.

Тој ги третира музичките стилови со вистинска палета на расположенија, почнувајќи од улогата на Плутоне во Евридика на Јакопо Пери, до ролјата на свештеникот во операта „Посета на старата дама“ на Готфрид Фон Ајнем.

Магичната интерпретација на музиката на Дурловски е забележлива уште од неговото деби во 1999 година.

Од тогаш тој станува миленик на својата матична публика во Македонија, која безрезервно го наградува гласот кој со големина и карактер го изведува белканто репертоарот на Гаетано Доницети, Винченцо Белини, Џоакино Росини, лириката и драматиката на Џакомо Пучини, како и херојските улоги од рускиот и францускиот репертоар.

Командувајќи на сцената и исполнувајќи го театарот со својот моќен и елоквентен бас, Дурловски толкува мноштво на ликови напишани од познатите автори.

Инструментот на овој бас, Македонската опера и балет во периодот 2000 до 2002 година, го користи во продукциите на оперите Lucia di Lammermoor, Il Trovatore, Don Giovanni, Turandot, Il barbiere di Siviglia, La forza del destino, Rigoletto, Aida и други.

Неговиот мудар славјански тон кој е вистинско богатство за ушите на слушателите, зема замав и во повеќе оперски куќи во светот.

Градејќи вокален климакс, под патронат на диригентот Пол Вајголд, 2001 година, Дурловски дебитира во улогата на Nonacourt во операта Il capello di paglia di Fireza во продукција на Виенската Камерна опера.

Тогаш започнува и обликувањето на елегантната вокална техника на овој уметник во камерното студио на КМС Оливера Милјаковиќ.

Драматичните и лирски особености на овој бас со годините, ќе станат препознатливи и по мистериозно длабокиот резонантен глас на овој пејач, а во 2004 година ќе стане дел и од новите продукции на Виенската камерна опера, Ballo delle Ingrati Euridice.

Биографијата на Игор Дурловски бележи и концернти изведби на грандиозни дела како Бетовеновата Деветта симфонија, Моцартовиот Реквием, Вердиевиот и Моцартовиот Реквием, 14-та Симфонија на Шостакович, Радомировиот Псалтир на Димитрије Бужаровски, ораториумот Клименту од Властимир Николовски, Симфонијата Зима од Ристо Аврамовски и други.

Забележливи се и неговите гостувања на реномираниот фестивали Охридско лето.

Тој е познат во оперските куќи меѓу кои: Wiener Cammeroper, Wiener Concert House, Оперската куќа во Мунстер, Националната опера и театар во Сараево, Хрватскиот Народен Театар во Загреб, Осиек и Риека, Тиранската Опера, Битолската Опера и други.

Соработувал со Wienna Residence Orchestra, Источно-западниот симфониски оркестар, Белградската филхармонија, Софиската филхармонија, Ансамблот за современа музика „Алеа“.

Минатата година во мај Дурловски поднесе оставка од директорското место во МОБ и од позицијата професор на Факултетот за музичка уметност.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This