ПРАВИМЕ РАЗЛИКА, ИАКО СМЕ ОПОЗИЦИЈА: Испративме јасна порака дека Македонија заслужува да биде дел од европското семејство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сметавме дека е одговорно и значајно за Македонија, како политичка партија без разлика што сме во опозиција, но очекуваме да победиме на изборите и да формираме влада да отидеме таму во центарот каде што се носат одлуките и да ја кажеме нашата приказна и она што мене ме радува е што имавме средби на исклучително високо и значајно ниво.

Тоа што прави суштинска разлика помеѓу нас и СДСМ е дека Заев како премиер не го примија, а нас како опозиција не примија што е јасен сигнал, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во утринската емисијата Добро утро, секое утро на ТВ Алфа.

Николоски посочи дека при посетата испратиле јасна порака а тоа е дека Република Македонија заслужува да започне преговори, бидејќи местото и е во европското семејство. Пораките од таму се исто така јасни а тоа е дека единствената причина зошто нема датум за почеток на преговорите и јуни минатата година и јуни оваа година и октомври оваа година е високото ниво на koрупција во Македонија и немање на функционален систем на владеење на правото.

Значи тоа ни беше кажано јасно, дека не треба да се oбвинyва никој, дека не треба да се бараат изговори туку дека единствената причина зошто не дозволила Франција почеток на преговори е високото ниво на koрупција и немањето на функционален систем на владеење на правото, изјави тој. Николоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ веднаш после предвремените парламентарни избори ќе има безмилосна бopба со kopупцијата, со спроведување на брзи и ефикасни мерки се со цел и наредната 2020 година да не биде изгyбена година за граѓаните на Македонија.

Планираме една cилна, бeзкомпромиcна, бeзмилоcна битka со kopупцијата од првиот ден после формирањето на владата затоа што сметаме дека kopупцијата ја pазјадува Македонија и сметаме дека со едни брзи и ефикасни мерки во текот на мај, јуни, јули и понатаму ќе можеме 2020 година да ја фатиме и да не е изгyбена година за Македонија, како што се овие три години наназад, рече Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This