March 29, 2024, 12:14 am

ПРАВНА КАША ПОПАРА НА ВИЛМА: Дури 75% од пресудата за „27 април“ се однесува на амнестираните, за останатите нема ниту по десетина реда

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Апелациониот суд денеска продолжи јавната седница за случајот „27 април“. Адвокатите на осудените ги образложуваа своите жалби, поднесени на првостепената пресуда.

Според нив, првостепената пресуда со која 16 лица беа осудени на вкупно 211 години затвор мора да биде „падне“ и случајот да биде вратен од почеток.

Адвокатот Дончо Наков смета дека пресудата, но и обвинението содржат низа пропусти. Пред апелационите судии наведе дека за ист настан во кој учествувале исти луѓе, обвинителството има четири различни обвиненија, тргнувајќи од учество во толпа, насилство, обид за убиство па се до терористичко загрозување на Уставниот поредок.

– Декор е пресудата на првостепениот суд која е напишана на 1.056 страници. 75% од наведените дејствија се поврзани со луѓето кои беа амнестирани за кои во пресудата има напишано по 100-тина редови, а за осудените нема ниту по 10-тина редови. Најфрапантно е што во пресудата нема наведено локација каде се случувал настанот, рече адвокатот Дончо Наков, пренесе телевизија „Сител“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This