April 18, 2024, 12:06 pm

ПРАВНО HEПИСМЕНИ: Судскиот совет го промашил и Уставот и законот!?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Решението на Судскиот совет за нејзиниот член Зоран Теофиловски под лупа на Обвинителството. Дали Советот излегол надвор од законите?


Основното јавно обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ќе бара од судија на претходна постапка да се произнесе за мерката притвор, бидејќи Судскиот совет излегол од границите на Уставот и законот кога донел решение да му се одземе имунитетот, но да не дозволи притвор за член на Судскиот совет.

Станува збор за решението на Судскиот совет донесено во последниот ден од минатата година, во однос на нејзиниот член Зоран Теофиловски, кого Обвинителството го сомничи за кривичното дело злоупотреба на службената положба, заедно со уште седум лица.

Теофиловски еден ден беше недостапен за полицијата, а следниот ден сам се јавил пред судијата на претходна постапка и се повикал на судски мунитет, по што судијата се обратил до Судскиот совет.

„Судскиот совет донесе решение со кое го одзеде имунитетот на член на Советот заради непречено водење на кривичната постапка, и донесе решение со кое не го одобри барањето за определување на мерка притвор за член на Советот, поднесено од страна на судија на претходна постапка на Основниот кривичен суд Скопје”,соопшти Судскиот совет на 31-ви декември 2019 година.

Аргументацијата на Обвинителството е дека имунитет уживаат судиите, но не и членовите на Судскиот совет.

Поради ова, Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција побарало Судскиот совет да им го достави записникот од седницата на која било донесено решението за Теофиловски, а по увидот во него дополнително ќе реши дали, и кои чекори би биле преземени од страна на Обвинителството.

Ова Обвинителство на 30-ти декември отвори истражна постапка против осум лица за кои има основано сомнение дека го извршиле кривичното дело злоупотреба на службената положба. Провосомничен е Зоран Теофиловски, кој кон крајот на август 2011 година, како тогаш одговорно лице претседател на спортско здружение од Тетово, со намера противправно да се изврши упис на право на сопственост, поднесувајќи лажни докази, почнал постапка за легализација. Со таа и други постапки потоа, тој и седум лица се сомничат дека сториле кривично дело со кое нанеле штета на буџетот од околу 860 илјади евра. Обвинителството на 30-ти декември до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за шест, и мерки на претпазливост за две осомничени лица. Првоосомничениот, Теофиловски беше недостапен за полицијата, а по 24-часовната потрага по него, тој сам се пријави во Судот.

Решението на Судскиот совет предизвика бројни критики во јавноста.

Извор: Дојче Веле

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This