ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА ДЕНЕС ГО ПРАЗНУВА СПОМЕНОТ НА СВЕТИ САВА И СВЕТА НИНА!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Син на српскиот жупан Стефан Немања, се роди во 1169 година. Како млад жеднееше за духовен живот, заради што побегна на Света Гора, каде што се замонаши и со ретка ревност го мина сиот подвижнички раст. Немања тргна по примерот на синот, па и самиот дојде на Света Гора, се замонаши и умре како монах Симеон. Сава издејствува кај царот и кај патријархот независност за српската Црква и стана прв архиепископ српски. Заедно со татко му го подигнаа манастирот Хиландар, а потоа и многубројни манастири, цркви и училишта по српската земја. Двапати патуваше на поклонение во Светата Земја. Ги измируваше своите браќа раскарани околу власта, ги измируваше Србите со соседните народи. Се упокои во Трново, во времето на царот Асен, откако се разболе после литургијата на Богојавление, на 12 јануари 1236 година. Кралот Владислав му го пренесе телото во Милешево, од каде што Синан паша го зеде и го запали на Врачара во Белград, на 27 април 1595 година.
За овој најголем српски светец врзани се неколку народни верувања.

За Свети Сава мора да се пости, со исклучок ако не паѓа во среда или во петок. Се верува дека овој светец може да ги смири морето и бурите како и да створи вода од каменот.
Постои и верување дека на овој ден не треба да се носи црвено, ниту да се острат ножеви, коси или други алати. Ова верување потекнува од старите времиња, додека селаните стравувале волците да не им ја изедат стоката. Свети Сава се сметал за пастир и заштитник на стоката, па на овој ден стоката обично сама се пуштала на пасење. Меѓутоа црвено не се носело зошто веројатно бојата на крвта ги привлекува волците. Исто така на денешен ден не треба да се оштрат ножеви или било кој алат за да не се предизвикуваат волците.
Постои и вервање дека е лош знак ако на Свети Сава загрми и дека тоа значи дека нешто лошо ќе се случи, зошто ударите на гром се многу ретка појава во зима. Исто така постои и верување дека ако денот е сончев на Свети Сава ќе донесе благосостојба и среќна и родна година.
Иако овој празник со црвено е одбележан во календарот на СПЦ, се верува дека обратно треба да се работи од она што е вообчаено за големите празници. Тој ден стоката се испраќа на пасење, а домаќинот треба да си ги заврши важните домашни работи. Жените смеат да работат домашни работи, а дури е пожелно да направат големо чистење. Се смета дека и децата на Свети Сава треба да научат нешто ново, дури и некоја нова песна, зошто во спротивно ќе станат мрзливи и неа доволно да напредуваат цела година.

Света Нина, просветителка на Грузија

Роднина на Светиот великомаченик Георгиј и на јерусалимскиот патријарх Јувеналиј. Бидејќи мајка ѝ и татко ѝ, кападокијски благородници, се замонашија, беше воспитана под надзор на патријархот Јувеналиј. Кога слушна за грузискиот народ, света Нина, уште малечка, сакаше да отиде во Грузија и да ги покрсти Грузијците. Ѝ се јави Пресвета Богородица и ѝ вети дека ќе ја одведе во таа земја. Кога Господ ѝ го отвори патот, младата Нина навистина отиде во Грузија, каде што за кусо време стекна голема љубов на народот. Успеа да го покрсти грузискиот цар Миријан, неговата сопруга Нана и нивниот син Бекар, коишто потоа ревносно ја помагаа света Нина во мисионерската работа. Во текот на животот, Нина успеа да ја изврви цела Грузија и да го преведе, главно, сиот народ во верата Христова, и тоа токму во времето на страшното гонење на христијаните од страна на Диоклецијан. Отпочина од своите многубројни трудови и се упокои во Господа во 335 година. Нејзиниот гроб се наоѓа во Самтаврскиот храм. Изврши многу чуда за време на животот и после смртта.
Свети Илариј, епископ Пиктавијски
Ревносен борец против Ариевата ерес на Запад. Многу страдаше за одбрана на Православието. Напиша повеќе списи, од кои најважен е оној за Света Троица. Се упокои во Господа во 368 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This