April 25, 2024, 10:40 am

Православните xpиcтијани денеска го слават Cвeти Tpифун: Иcцелувaч кој од луѓето бpkaл лoши дeмoни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Православните христијани денеска го слават Свети Трифун. Според верувањата, Свети Трифун е чувар на лозјата, градините и гостилниците. На овој ден винарите за првпат одат на лозјата во новата календарска година и почнуваат да ги сечат, кројат лозите.

Светиот маченик Трифун

Роден е во селото Кампсада во Фригија од сиромашни родители. Во детството беше чувар на гуски. И уште од детството врз него беше голема Божја благодат и можеше да исцелува болести кај луѓето и кај животните и да изгонува бесови. Во тоа време со Римското царство завладеа царот Гордијан, чијашто ќерка слезе од умот и со тоа го фрли царот во голема жалост. Ниеден лекар не можеше да и’ помогне на лудата Гордијана. Тогаш демонот прозборе преку девојката и рече дека освен Трифун никој не може да го истера.

После многумина Трифуни ширум царството, по Божја Промисла го повикаа и овој млад Трифун. Го доведоа во Рим и тој ја исцели царската ќерка. Царот му подари многубројни дарови, а тој на враќање им ги раздели на сиромасите. Потоа ова свето момче продолжи да чува гуски и да Му се моли на Бога. Кога се зацари христоборниот Декиј, Свети Трифун беше малтретиран и свирепо измачуван заради Христа. Но тој со голема радост ги поднесе сите мачења, велејќи: „О кога би можел да се удостојам во оган и маки да завршам за името на Исус Христос, мојот Бог и Господ!“ Маките не му наштетија ни малку и најпосле мачителите го осудија на смрт со меч. Му се помоли на Бога и издивна во 250 година.

На денешен ден, кога се прославува православниот празник Свети Трифун, народот извршувал најразлични обичаи. Се верува дека ако на Свети Трифун паѓа дожд, годината ќе биде родна, а најдобро ќе родат сливите. А, ако биде ведро, годината ќе биде сушна и неродна.
На овој ден лозарите одат во лозјата и закројуваат барем по едно гранче винова лоза и го полеваат со вино за грозјето добро да роди.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This