ПРАЗНИЧНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ?

Поврзано

- Advertisement -
Денес е четврток, 7 септември 2017 година, 250-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:59, а ќе зајде во 19:01 часот. Денот ќе трае 13 часа и 02 минути.
- Advertisement -

Oва утро во Македонија ова утро преовладува претежно ведро и свежо време, иако денешните температури во раните утрински часови се за неколку степени повисоки во однос на вчерашното утро.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес по свежото утро во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и потопло време. Ќе дува доумерен југозападен и југоисточен ветер, па поради јужното воздушно струење очекуваме и повисоки температури. Денес минималните од 4 до 13 степени, додека пак максималните дневни температури се очекува да достигнат до 22 односно до 33 степени. УВ индексот ќе има вредност 5.

СКОПЈЕ – Во Скопје по свежото утро во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и топло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 11 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 30 степени. УВ индекс 5.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во петок по свежото утро во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и топло време. Утринските температури од 5 до 14 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 23 односно до 34 степени. Во сабота умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд и посвежо време. Поинтензивни врнежи се очекуваат во западните и северозападните предели. Минималните од 9 до 18, додека пак максималните од 21 до 32 степени. Во недела преодна стабилизација на времето, ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време со дневни температури кои што ќе се движат од 23 до 34 степени. Нов бран на врнежи се очекуваат во понеделник, кога ќе бидат и поинтензивни, локално се очекуваат да наврнат од 20 до 30 литри. Утринските температури од 9 до 18 степени, додека пак дневните од 20 до 30 степени.

Weather4all.com.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This