ПРАТЕНИЦИТЕ ГО НАПУШТИЈА СОБРАНИЕТО: Пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија дискусијата за разрешување на Зврлевски по објавата на Антикорупциска!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Илија Димовски денеска од собраниската говорница кажа дека со објавеното мислење на Антикорупциска, јасно е дека дискусијата по однос на точката разрешувања на Марко Зврлевски е незаконска.

Антикорупциска објави дека противзаконски е да се менуваат функционери додека не се одржат изборите. Илија Димовски кажа дека Талат Џафери можеби си земал за слобода да не го испрати овој допис до сите пратеници, како што е пракса досега. Тој му даде копија за да види дека дебатирањето по оваа точка е противзаконско.

-Ние нашата цел е постигната, ние од самиот старт знаевме дека ова тесно мнозинство е одлучено да го разреши Зврлевски и немавме никаква дилема дека тоа е донесена политичка и партиска одлука од штабот на СДСМ, нити во одреден момент мислевме дека со дискусија ќе смениме мислење на овие 62 пратеници. Но во исто време целата јавност дозна дека СДСМ е спремен грубо, дрско да крши закон и да крши најзначајно изборен закон и во оваа постапка, во Собранието, но и во сите други постапки во оваа држава, изјави Димовски.

Димовски кажа дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на за подобра Македонија, ќе ја напуштат оваа точка од седницата и иако има пријавени 9 луѓе за реплики, нема повеќе да учествуваат во оваа протизаконска постапка.

-Ние немаме намера повеќе да бидеме дел од противзаконски постапки. На било која друга седница која што ќе ја закажете утре,задутре или било кој друг, кога ќе разговараме за егзистенцијални проблеми на граѓаните, ние ќе дојдеме, но на се што е противзаконско, сега и со документ, нема да присуствуваме.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This