ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ СЕ ВРАЌААТ ВО СОБРАНИЕ: Идната недела Собранието ќе работи во полн состав

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ најверојатно идната недела се враќаат во Собранието. Партиски извори за Сител велат дека во наредните неколку дена се очекуваат состаноци на највисоките партиски тела и пратеничката група по што се треба да биде донесена конечната одлука.


Опозицискиот лидер Мицкоски во неколку наврати рече дека за враќање во Собранието постојат политички и математички услови, а двата се поврзуваа со ослободување на притворените за настаните од 27 април.
И покрај бојкотот, дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска присуствуваа на јавната расправа за законот за медиуми, но велат, тоа не ја менува партиската одлука

Најавата за враќање на ВМРО-ДПМНЕ најавува жешка пролет во Собранието. Првиот чекор кој се очекува да го направи опозицијата е интерпелација за Талат Џафери, а партиски извори не ја исклучуваат можноста да се бара тест на довербата и за други функционери.

Власта пак ја очекува поддршката од опозицијата за т.н. реформски закони за кои преговорите според партиски извори и од двата табори се движат во добра насока. Иако се уште нема конечен договор, и власта и опозицијата се надеваат дека до крајов на неделава ќе се најде заеднички јазик за повеќе закони меѓу кои и оној за ДИК, Финансирањето на политичките партии и законите од областа на судството.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This