ПРАТЕНИЦИТЕ НЕ БАРАЛЕ, АМА МВР ПРОЦЕНИЛА ДЕКА ИМ ТРЕБА ЗАШТИТА: Поради закани на Фејсбук пратениците под обезбедување, а поради закани од високи функционери опозициските медиуми оставени на милост и немилост

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според известувањето на МВР дадено за Телевизијата Канал 5 пред домовите на осумте пратеници кои гласаа за промена на уставот има полициско обезбедување, но не по барање на пратениците, туку по убедување на полициските служби, бидејќи како што стои во соопштението, истите се соочувале со закани преку социјалните мрежи

„Се преземаат соодветни мерки за гарантирање на безбедноста. МВР ја гарантира безбедноста на сите граѓани и секако на пратениците“, велат од Министерството.

Од Министерството за Канал 5 велат дека пратениците не побарале заштита, туку полицијата одлучула тоа да го стори по своја проценка, по многубројните закани кои се упатуваат до дел од пратениците пред се на социјалните мрежи.

Скандалозен однос на Зоран Заев!

Премиерот со закани до репортерот на „Инфомакс.мк“….

Posted by infomax.mk on Saturday, October 20, 2018

Секако, ваквата одлука за доделување на обезбедување пред домовите на пратениците може да се толкува и во спротивен правец, или што би се рекло, вршење на притисок и ограничување на слободата на движење на пратениците додека трае процесот на Уставни измени.

Имено, ако МВР навистина се грижи за безбедноста на граѓаните, во тој случај исто би требало да постапи и во случајот на заканата која премиерот Зоран Заев ја упати до репортерот на Инфомакс.мк Борислав Стоилковиќ за време на прес конференција поради легитимно поставено прашање.

Оттука, легитимно произлегува и прашањето, зошто редакцијата на Инфомакс.мк не е под полициска заштита, ако се има во предвид дека на наша адреса секојдневно пристигнуваат закани, притисоци и уцени, токму преку социјалните мрежи, но и од највисоките владини претставници како премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This