ПРАТЕНИЦИТЕ ЦЕЛА НОЌ ПОМИНАА ВО СОБРАНИЕ:Веќе се заморени, но не отстапуваат од идејата да се состанат со комесарот Хан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратениците од „Српска листа“ и понатаму го чекаат еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, во просториите на косовското Собрание, со цел да остварат средба со него, пренесува РТК.

Потпретседателот на партијата, Игор Симиќ изјавил дека пратениците се веќе заморени, но не отстапуваат од идејата да се состанат со комесарот Хан, за да му пренесат „колку е опсна одлуката за блокада на увоз на српски производи по опстанокот на Србите на Косово“.

Пратеникот на Самостојната либерална партија во косовското Собрание, Слободан Петровиќ, пак, истакна дека даноците ги покачиле токму коалициските партнери на „Српска листа“, а не еврокомесарот Хан.

Пратениците на „Српска листа“, кои во законодавниот дом го чекаат Хан, ги посети високата претставничка на ЕУ за Косово, Наталија Апостолова. Тие и порачале дека нема да го напуштат објектот се додека еврокомесарот не се запознае одблиску со нивните барања.

Пратениците целата ноќ ја минаа во Собранието.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This