ПРАТЕНИЦИТЕ ЌЕ МУ ЈА УКИНАТ ПЛАТАТА НА ГРУЕВСКИ: Собранието денес ќе му ја укине платата на Груевски бидејќи бил во бегство!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Парламентот на денешната собраниска седница ќе го разгледува предлогот за дополнување на Законот за пратеници по скратена постапка, со која се предвидува нова одредба. Одредбата се однесува на ocудeниoт екс премиер, Никола Груевски, кој како пратеник се уште добива пратеничка плата иако е во бегство во Унгарија.

„Ако пратеникот е осуден со правосилна cудcкa пресуда на кaзнa зaтвop подолга од шест месеци, го губи правото на исплата на плата, други лични примања и надоместоци на трошоци“, стои во одредбата која е предложена од група пратеници.

Подносители на предлогот за Снежана Калеска Ванчева, Горан Мисовски, Мухамед Зеќири, Соња Мираковска, Реџеп Мемеди и Реџаил Исмаили.

Точката е со реден број 27 на дневниот ред на денешната собраниска седница.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This