ПРАТЕНИЧКАТА ГРУПА НА ВМРО-ДПМНЕ ПОДНЕСЕ ПРЕДЛОГ ДА СЕ ТРГНЕ ОД ДНЕВЕН РЕД ТОЧКАТА ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Мнозинството на власта го отфрли предлогот , РАСПРАВАТА започна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Само 22 пратеници гласаа за предлогот на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицески, да се тргне од дневен ред точката за утврдување на нацрт амандманите на денешната седница. 61 пратеник гласаа против овој предлог, со што тој беше одбиен.

Мицески образложи зошто ВМРО-ДПМНЕ бара точката да се тргне од дневен ред.

-Точката е спротивна на Уставот и на волјата на граѓаните. Со овие уставни измени се кршат темелните вредности на Уставот, уставниот поредок и неколку членови од Уставот. Се брише не само името на Република Македонија туку и историјата и културата на државата. Пратениците се претставници на граѓаните, а граѓаните на референдум пратија јасна порака дека се против договорот со Грција. Референдумот за промена на името беше неуспешен. Од тука институциите не смеат да ја газат волјата на гласачите кои му ставија точка на договорот. Се пркршија закони се извршија притисоци и пак референдумот беше неуспешен – рече Мицески.

Инаку, во Собранието денеска продолжува дебатата за уставните амандмани. Пленарната седница може да трае 12 дена, бидејќи за секој амандман е предвидена дебата од три дена. Во оваа втора фаза за усвојување на амандманите е потребен 61 глас. Сепак, очекувањата според, претседателот на Собранието се дека седницата ќе заврши многу побргу.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This