ПРАТЕНИЧКАТА ГРУПА ЌЕ ОСТАНЕ КОМПАКТНА: Мицкоски верува дека пратеничката група ќе биде компактна, со исклучок на Панчо Минов

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски очекува да остане компактна пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по серијата оставки од функциите и исклучувањето на седумте пратеници кои гласаа за потребата од носење на уставни измени, што се неопходни за имплементација на Договорот од Преспа.

– Верувам дека во наредниот период пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија ќе биде единствена со исклучок на пратеникот Панчо Минов кој одлучи да дејствува како независен. Изненаден сум од неговата постапка, бидејќи вели дека е искусен пратеник, а се налути за исклучувањето или разрешувањето од функцијата на Митко Јанчев. Јанчев не беше исклучен од партијата, но беше разрешен од функцијата потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски во интервју за ТВ Алсат-М.

На прашaње дали смета дека по последните случувања во државата ВМРО-ДПМНЕ е изолирана од меѓународните претставници, Мицкоси посочи дека идната недела ќе оди во Хелсинки на конгрес на Европската народна партија.

– Таму ќе имам можност да имам средби со голем број претставници од меѓународната заедница кои се дел од нашите сестрински партии, рече Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This