ПРАТЕНИЧКА 12 СЕКУНДИ МУ ДИШЕЛА НА ТЕЛЕФОН: Ова е пратеничката која 12 секунди му дишела на телефон на Павле Богоески!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обидот на Груби да ја префрли винaтa за фијаското на комисијата се проѕирна лaгa и очаен обид за контрола на штeтaтa која е нанесена врз нивната партија, вели Павле Богоевски.
Тој тврди дека три пати се обидел да ја добие колешката од ДУИ, Мирсада Емини Асани и плус и пратил порака но оти таа му го спуштила телефонот а пак третиот пат крена и 12 секунди молчела пред да ја прекине врската.

Оттогаш јас престанав да се обидувам да ја добијам. Пред почнување на седницата јас немав потврда дека колешката ќе дојде, ниту пак дека по неа е испратено возило. Единтвено пoлoшo од тоа Комисијата да нема став е да нема кворум да гласа.

Иако одлуката Собранието, требаше да ја донесе до 24 часот, Џафери по забелешките на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски дека е прекршен Деловникот, бидејќи на неговата пратеничка група не и е дадена пауза од еден час, собранискиот спикер одлучи да ја прекине седницата и изјави дека дополнително ќе ја закаже.

Седницата беше три пати прекинувана со паузи, првиот пат на барање на Елизабета Канчевска Милеска, координатор на групата осум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои ги поддржаа уставните измени. Таа побара пауза бидејќи дури во седум часот ја добиле информацијата дека вечерта ќе се одржи седница.

Втората пауза ја побара координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, кој ги побара стенограмите од репликите, кои си ги искажаа пратениците Антонио Милошоски и Павле Богоевски.

Извор:
Магазин.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This