ПРВАТА БРИТАНКА ВО ВСЕЛЕНАТА: Таа смета дека вонземјани постојат и дека можеби се веќе меѓу нас

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вонземјани постојат и можно е веќе да се меѓу нас на Земјата, смета д-р Хелен Шарман, првата британска астронаутка.

Таа за магазинот Обзервер кажа дека некаде во вселената сигурно има живот, пренесува Би-би-си. „Вонземјани постојат, тоа е сигурно“, кажа Шарман додавајќи дека меѓу милијардите во вселената без сомнеж постојат бројни облици на живот“.

Оваа педесет и шестгодишна хeмичapкa вработена на лондонскиот Кингс колеџ влезе во историјата кога во 1991 година ја посети советската вселенска станица Мир.

Таа мисли дека вонземјаните веројатно не се како луѓето. „Можно е веќе да се меѓу нас и едноставно да не можеме да ги видиме“, вели Шарман.

Таа во интервјуто истакна дека ја фрустрира тоа што медиумите за неа обично пишуваат како „првата Британка во вселената. Јас всушност бев првиот човек од Британија во вселената бидејќи во спротивно веднаш ќе претпоставевме дека станува збор за маж“.

„Кога Тим Пик отиде во вселената, некои луѓе едноставно ме заборавија. Би било „нормално“ маж да заминеше прв, па можам да кажам дека сум среќна што го нapyшив тој редослед“, вели таа.

Од седуммината Британци кои биле во вселената, Шарман таму отпатува прва. Хемичарката како 27-годишна во вселената мина осум дена и така стана една од најмладите кои таму престојувале.

Поради фактот што била во вселената, таа се освестила дека во животот се важни луѓето, а не материјалните нешта.

„Таму горе имавме сѐ што ни беше потребно за да преживееме, соодветна температура, храна, пијалаци, бeзбeднocт. Воопшто не размислував за материјалните нешта кои ги поседувам на Земјата. А кога прелетавме над одредени делови од планетата, секогаш мислевме на луѓето кои ги сакаме“, заклучи Шарман.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This