April 26, 2024, 10:19 am

ПРВА ЖЕНА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: Бојаџи , Улчар и Астеруд со поддршка за Силјановска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатката Гордана Силјановска Давкова е натпартиски кандидат поддржан од многу граѓани кои имаат различна политичка определба. Тие денеска организираа во „Јавна соба“ дебата на тема: Прва жена Претседателка? на која зборуваа професорките Каролина Ристова Астеруд и Елка Јачева Улчар, како и режисерот Јани Бојаџи.

-Дебатата беше многу интересна и отвори прашања кои досега ниту медиумите не успеаја да ги отворат, а за нив малку се зборуваше јавно. Сржта на дебатата се состоеше во разгледување на различните влијанија кои учеството на Силјановска Давкова ги има на овие избори. Додека Јачева Улчар зборуваше како Силјановска со својата кампања, ставовите и мислењата влијаела на промената лична кај нејзе и врз македонскиот јазик кој откако е Силјановска Давкова кандидат почесто користи фиминитиви особено за професиите, режисерот Јани Бојаџи зборуваше за кампањата, како и за што треба да очекува Силјановска Давкова бидејќи ќе стане Претседателка на пропадната држава според дефиницијата на Фукојама, информираат од тимот на Кандидатот за претседател, Силјановска.

Професорката Ристова Астеруд ја нарече „game changer“ кандидат, кој прави пресврт зашто има либерални вредности, а ја поддржува десничарска партија, што значи влијае на еволуцијата на политичкиот плурализам. „Со прашањата кои ги отвора во кампањата, со самата кампања и секако со тоа што ги тера луѓето да размислуваат да гласаат за жена кандидат, Силјановска прави промена”. Таа истакна дека „Професорката Силјановска Давкова е една автентична феминистка од почетокот на нејзиното женско битисување. И тоа таа го докажува преку својата работа и на факултет и во своите граѓански ангажмани па дури и во своите епизодни политички ангажмани”. Таа нејзина посветеност на женските прашања се огледува и во нејзината програма каде се забележува дека правичната застапеност ќе се применува и од родова перспектива и во именувањето на амбасадорите, изборот на членови на Совет на безбедност, судиите во Уставниот суд, одликувањата и конечно во спроведувањето на Конвенцијата на ОН 1325 за жени, мир и безбедност.

Бројни граѓани и поддржувачи зедоа збор во дискусијата, од членови на Сенатот на УКИМ кои се одлучиле да ја поддржат Силјановска Давкова заради тоа што таа искрено и без страв го кажува својот став кој е информиран и основан на нејзините вредности и принципи, и оттука се сигурни дека никогаш нема да биде политички полтрон.

Други граѓани истакнаа дека Силјановска ги освоила заради начинот на кој го разбира и ќе го применува принципот на правична застапеност, а на крајот заклучија дека стручноста и компетенциите треба да се основа за избор во сите области за да може земјата да ги спроведе реформите и ги исполни Копенхагеншките критериуми. Конечно со избор на жена за шеф на држава може да се очекува и напредок на индексот за родова рамноправност кој го мери и овој индикатор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This