ПРВА ИЗЈАВА НА АСАД ПО ЗАКАНИТЕ: Западот ризикува дестабилизација на регионот и криза во целиот свет!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Западните земји се обидуваат да го променат текот на случувањата во Сирија по победата која војската ја извојува над терористите, рече претседателот на земјата Башар ал Асад на состанокот со советникот на врховниот лидер на Иран Али Акбариј Велатиј

Асад предупреди дека „агресивните закани на западните земји на сметка на Дамаск ќе доведат до дестабилизација на ситуацијата во регионот и целиот свет“.

Тој укажа на тоа дека „изјавата на неколку западни политичари за можен воен напад на Сирија се занова на нивни фабрикувани факти“.

Иранскиот емисар изјави дека Техеран ја поддржува Сирија и нејзиниот народ во борбата против тероризмот.

Претходно Западот го обвини Дамаск за хемиски напад во сирискиот град Дума, во Источна Гута. Москва ги отфрли информациите за хлорна бомба која наводно ја фрлила сириската војска. Руското МНР соопшти дека клеветите за употреба на отровни материјали имаат цел заштита на терористите и правдање на евентуален надворешен воен напад.

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека до среда ќе донесе одлука за акциите против Сирија како одговор за наводната употреба на хемиско оружје. Потоа напиша на Твитер дека Русија би требало да се спреми да ги соборува ракетите лансирани кон Сирија.

Пратеникот Дмитриј Саблин ги демантираше информациите дека Башар ал Асад и неговото семејство ја напуштиле Сирија во очи на можен напад на неговата земја.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This