ПРВА ОСТАВКА ВО ГРЦИЈА ПОРАДИ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР: Градоначалникот на Стилида си поднесе оставка поради Преспанскиот договор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на Стилида, Апостолос Глетос поднесе оставка бидејќи бил ратификуван договорот од Преспа денеска во грчкиот Парламент, пренесува ТВ21.

Оваа оставка како што истакнал тој, следувала како протест против договорот од Преспа.

Градоначалникот оваа одлука веќе претходно ја имал најавено на социјалните мрежи преку видео порака.

Преспански договор — меѓународен договор потпишан од шефовите на дипломатијата на Македонија, Никола Димитров и на Грција, Никос Коѕијас на 17 јуни 2018 година во селото Нивици, Грција на брегот на Преспанското Езеро.

Истиот бил потпишан и од посредникот на ООН за спорот за името Македонија, Метју Нимиц. Договорот ја заменува Привремената спогодба потпишана во Њујорк на 13 септември 1995 година. Тој би требало да претставува решение на спорот за името Македонија и да воспостави стратешко партнерство помеѓу идната Северна Македонија и Грција.

Според истиот Македонија треба да го промени своето име во Северна Македонија односно формалното име да ѝ биде Република Северна Македонија, а Грција ќе го признае државјанството на соседната земја како граѓанин на Република Северна Македонија и ќе се согласи официјалниот јазик на државата да се именува како македонски јазик.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This