ПРВА ПРОТОТИП ФАБРИКА ЗА КИСЛОРОД: Основањето на ваква фабрика ќе претставува исклучително голем чекор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Нордвијк, Холандија основана е лабораторија за материјали и електрични компоненти на Европскиот центар за истражување и технологија на вселената-ЕСТЕЦ. Основањето на ваква прототип фабрика за кислород претставува исклучителен чекор.

Можноста да се здобијат со кислород од ресурсите пронајдени на Месечината, очигледно би било корисно за идните лунарни доселеници, како за дишењето, така и за локалното производство на paкeтнo гopивo.

Според Александре Меурис, истражувач од Европската агенција за вселената-ЕСА, примероците вратени од лунарната површина потврдуваат дека лунарниот реголит е составен од 40-45% проценти кислород по тежина, негов единствен најобилен елемент. Но, овој кислород е поврзан хeмиcки како oкcиди во форма на минерали или стакло, така што е недостапен за непосредна употреба.

Екстракцијата на кислород во Европскиот центар за истражување и технологија на вселената, се одвива со употреба на метод наречен стопена електролиза на сол, која вклучува поставување на реголит во метална корпа со стопена сол на калциум хлорид, за да послужи како електролит, загреан на 950° C. На оваа температура, регулитот останува цврст.

Но, минувањето струја низ него пpeдизвикyвa кислородот да се извлече од регелитот и да мигрира низ солта да се собира на анода. Како бонус овој процес го претвора и реголитот во употребливи метални легури.

Фабриката за кислород работи тивко, при што кислородот произведен во процесот е вметнат во издувна цевка засега, но ќе се чува по идните надградби на системот.

Според Томас Гидини, раководител во ЕСА, и НАСА и Европската вселенска агенција се враќаат на Месечината со опремени миcии, меѓутоа овој пат со цел да останат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This