ПРВА РАБОТНА ПОСЕТА НА НАЈВИСОКО НИВО ВО ЕУ: Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на средба со Хан, Могерини и Дол во Брисел!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во прва работна посета на највисоко можно ниво на Брисел.

Мицкоски заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и членот на Извршниот комитет Влатко Ѓорчев, ќе остварат голем број на средби со високи претставници на Европската Унија, како и со претставници на Европската народна партија, во која е член и ВМРО-ДПМНЕ.

Во текот на утрешниот ден се очекува делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ да ја започне својата агенда на средба со комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан.

Исто така, за утрешниот ден се предвидени и официјални средби со пратениците во Европскиот парламент- Андреј Каватчев, Пол Рубиг и германскиот пратеник Кнут Фленкештајн.

Според наши информации, Мицкоски во текот на утрешниот ден ќе има и средба со високата претставничка за надворешна политика и безбедност во Европската унија, Федерика Могерини, како и со Претседателот на европскиот парламент Жозеф Дол.

Вториот ден од официјалната посета, делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари средби и со европратениците Иво Вајг, Едвард Кукан, како и со големите подджувачи на Македонија, пратениците Марија Петир и Алојз Петерле.

Ваквата работна посета на Мицкоски во Брисел преставува легитимирање на новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ пред Европската комисија и Европскиот парламент.

11 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This