Премиерот на Русија, Димитри Медведев смета дека со новиот претседател на Украина постои можност да се подобрат односите меѓу Москва и Киев.
Резултатот покажа дека се потребни ниви пристапи кон решавање на проблемот во Украина. Пред новиот претседател стојат многу задачи кои не беа решени последните неколку години.
Медведев смета дека Зеленски ќе се држи до политиката која ја промовираше како дел од изборната кампања.
Тој му посака на Зеленски влaдеење со здрaв рaзум и со разбирање за длабоките односи помеѓу двете земји.