April 25, 2024, 12:58 am

ПРВА РЕАКЦИЈА НА ПЕНТАГОН ПО СОБОРУВАЊЕТО НА РУСКИОТ АВИОН: Не сме ги снабдиле нашите партнери со проектили „земја-воздух“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Соединетите Американски Држави ги немаат снабдено партнерите во Сирија со оружје од типот „земја-воздух“. Вашингтон ќе ја анализира инфомрацијата за тоа дека рускиот авион СУ-25 е соборен со подвижен комплекс од овој тип, соопшти претставникот на Пентагон Ерик Пехон

© AFP 2018/ SAUL LOEB

Рускиот авион СУ-25 е соборен денес во сириската провинција во Идлиб, пилотот се катапултираше, но загина во борба со терористите.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека авионот е соборен од движечки ракетен комплекс. Подоцна е соопштено дека поеќе од 30 терористи се ликвидирани во групен напад на руските сили на областа во провинцијата Идлиб, која е под контрола на Ал Нусра фронт од каде е лансирана ракетата.

Претставникот на Пентагон наведува дека САД се фокусирани на борбата против ИСИС заедно со партнерите во Сиирја.

„САД немаат испорачано на партнерските сили во Сирија никакво вооружување од типот земја-воздух, и немаме намера тоа да го правиме ниту во иднин“, вели Пехон.

Тој наведува дека во географска смисла американската операција е ориентирана на борбените дејствија против ИСИС во источна Сирија.

„Ќе ја процениме заснованоста на овие соопштенија за да ја заштитиме безбедноста на своите партнери од коалицијата“, рекол Пехон коментирајќи го инцидентот со рускиот авион.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This