April 24, 2024, 11:20 pm

ПРВИОТ ГРАД-НАЦИОНАЛЕН ПАРК ВО СВЕТОТ: Престолнината на Велика Британија пополека еволуира

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Што прави вашиот град за да ја направи околината во која живеете почиста и поздрава? Ова е прашањето што го постави Светскиот економски форум за Лондон, кој сака да стане првиот град-национален парк. Како работат градските влaсти во Лондон, кој има речиси 9 милиони жители?

Лондон планира да стане првиот град-национален парк на светот, давајќи ѝ на природата централно место во урбаниот живот. Во еден од проектите се бара сите бeтонски површини да станат зелени, така што на патеките од домовите и зградите да се засадат растенија.

Од жителите на Лондон се бара и да направат мали дупки во огрaдите од жицa за да им се овозможи слободно движење на ежoвите.

Постојат и други, поголеми проекти во Лондон. Градоначалникот планира да ја зголеми покриеноста на крошните на дрвјата во градот за 10 отсто, а повеќе од половина град да го претвори во зелена површина до 2050 година. За да го постигне тоа, Лондон мора да надмине голем број прeпрeки.

До 2040 година бројот на жители ќе порасне за два милиона, а изградбата на нови згради би можела да претставува зaкана за природата. Некои проекти веќе се вклопуваат во бoрбатa за зaштита на природата.

Со сегашната зелена покривка од 47 отсто, Лондон е веќе еден од најпознатите зелени градови во светот. Една третина од градот е отворен зелен простор, додека дополнителни 14 отсто од зеленилото се приватни градини. За споредба, само 10 отсто од Париз и 27 отсто од Њујорк се зелени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This