Првиот крипто-милијардер: Биткоинот ќе вреди повеќе од златото

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Камерон Винклвос, еден од близнаците кои се сметаат за главни крипто-богаташи на светот, тврди дека биткоинот ќе достигне поголема вредност од златото поради неговата ограничена количина, а со оглед на желбата на финансиерите да имаат посебни независни средства оваа криптовалута може да достигне пазарна вредност од 6 трилиони американски долари.

„Ако гледате изолирано на биткоинот веруваме дека е закана за златото. Мислиме дека е подобро од златото ако погледнете на особините на парите. Што го прави златото злато? Ограниченоста. Биткоинот е всушност многу ограничен за да се набави, но затоа е преносен, има поголема трајност и затоа ќе има поголема вредност од златото во време кога на сцена ќе настапи дигиталната економија“ вели Винклвос за CNBC.

Според него, банкарскиот систем ќе стане непотребен кога значително ќе се зајакне дигиталната економија и на сите ќе им требаат брзи технолошки протоколи за извршување на финансиски трансакции наместо сметки во банка.

Тој не се откажува од биткоинот и со оглед на сегашниот пад на цената смета дека е вистинска шанса за инвеститорите да почнат повторно да купуваат криптовалути.

Браќата Винклвос тврдеа дека тие му ја дале идејата на Марк Цукербег за креирање на социјалната мрежа Facebook и потоа во спогодбен договор добија значителна компензација, но не се дел од раководството на компанијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This