ПРВИОТ ПОДКАСТ НА АНГЛИСКИ: Џејсон Мико и Цветин Чилиманов за Преспанскиот договор, уценетите пратеници….

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот коментатор Џејсон Мико и македонскиот новинар Цветин Чилиманов ја снимија првата аудио подкаст емисија на англиски јазик за вести и настани до Македонија.

Првата емисија од подкастот која го носи името „Македонски контент фармери“ е објавена на Јутјуб

Во неа двајцата соговорници го анализираат Преспанскиот договор, уцените на пратениците кои гласаа за отворање на уставните измени и поддршката што ЕУ ја даде на овие уцени, погрешната поставеност на даночната политика на Владата и други теми.

Во емисијата, Мико дискутира за последиците кои Македонија ќе ги претрпи поради инсистирањето да влезе во меѓународни организации понижена и обезличена, и прашува колку долго ќе трае и колку длабоко ќе задира процесот на менување на македонската историја на кој се согласија Заев и неговата Влада.
Емисијата е наменета пред се за странската публика која ретко има можност да добие информации од Македонија на англиски јазик кои не се производ на некоја од амбасадите во Македонија и медиумите блиски до СДСМ.

Насловот на подкастот доаѓа од несреќната изјава на Хилари Клинтон која, по поразот на изборите во 2016 година, обвини „фармери на лажни вести од Македонија“ за нејзиниот пораз, коментар кој беше на долго и на широко исмеван во САД.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This