ПРВИТЕ ЛУЃЕ ВО ВЛАДАТА СЕ КРИМИНАЛЦИ: Анѓушев веќе почнал да гради без правосилна дозвола, уништени хектари зеленило и шума!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одобрението за градење е издадено на 11.09.2017-ма година, а законот предвидува 15 дена рок за истото да стане правосилно. Ако работел по закон, соработникот на Заев, Анѓушев, требало да чека до 26.09.2017-ма за да почне со работа. Сепак, фактичката состојба на терен покажува нешто друго.

 

Имено, Кочо Анѓушев почнал да гради на терен пред одобрението да стане правосилно со што директно го крши законот. Фотографиите од терен говорат дека Анѓушев веќе на големо гради иако прависулност на одобрението нема. Тоа значи дека бил подготвен и дека одлуката за пренамена на земјиштето во негова корист веќе е одамна договорена.

Одобрението за градење е издадено на 11.09.2017-ма година, а законот предвидува 15 дена рок за истото да стане правосилно. Ако работел по закон, соработникот на Заев, Анѓушев, требало да чека до 26.09.2017-ма за да почне со работа. Законот е јасен! Според член 65-а став 1, инвеститорот може да започне со изградба на градбата врз основа на правосилно одобрение за градење. Користејќи ја високата функција во новата Влада, Анѓушев иако добро го знае законот, одлучил истиот да го заобиколи.

Но, првите луѓе во Владата очигледно свесно ги кршат законите и со молк пред јавноста се бранат меѓусебно. Анѓушев веќе гради на терен.  Фотографиите сведочат дека вицепремиерот веќе има извадено целосна градежна механизација и работници кои на големо почнаа со работа.

КУРИР побара одговор од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, дали се запознаени дека Анѓушев веќе гради на терен противзаконски и дали тие ќе превземат нешто. Од таму ни одговорија дека инспекторатот не е надлежен за градби од оваа категорија. Директорот на инспекторатот посочи дека надлежност врз ваквиот тип на градби има општината.

Откако незаконски го пренаменија земјоделското земјиште во градежно, исто така незаконски во експресен рок беше издадено одобрение за градење на Анѓушеви. Според најновите информации, ова го правеле незаконски затоа што и во иднина по овој случај имале план да го кршат законот.

 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This