Први снимки од вoeниoт koнфлиkт во Нагорно-Карабах – прецизни apтилepиckи yдapи, yништeни тeнkoви и оклопни возила на Азербејџан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Единиците на Армијата за одбрана на Карабах нанесуваат големи штети по техника и човечки капацитети на Азербејџанската армија. На снимки објавени од армијата на Нагорно-Карабах, може да се забележи серија на артилериски напади на колона на непријателски тенкови и борбени возила на пешадија.

Армијата за одбрана на Нагорно-Карабах наноси моќни и прецизни удари врз азербејџанските позиции и оклопни возила. Снимката од нападот ја објави прес-службата на Министерството за одбрана.

Како што пишува на својот Фејсбук профил портпаролот на ерменското министерство за одбрана Шушан Степањан, претходницата на АО Карабах спроведува успешни казнени дејствија нанесувајќи губитоци на непријателска страна во техника и луѓе.

Колку за потсетување, рано изутрината на 27.септември Азербејџан започна интензивно гранатирање на населбите во Карабах, вклучително и главниот град Степанакерт, преоѓајќи во офанзива долж целата линија. Досега е познато дека азербејџанските сили изгубиле два хеликоптери, 15 дронови и неколку тенкови. Се уште не се знае бројот на оштетени оклопни возила. Азербејџанските сили имаат и губитоци од луѓе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This