Првоодделенците и четвртоодделенците први ќе започнат со новиот образовен концепт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Децата кои во новата учебна 2021/2022 година ќе бидат ученици во прво и во четврто одделение, први ќе го започнат новиот концепт за основно образование. Бирото за развој на образованието открива новини со кои ќе се соочат учениците и наставниците. Според Бирото, интеграцијата на сите предмети, како и снабдувањето на училиштата со дидактички алатки, зазема важно место.

Наставниците ќе треба да имаат начин на работа што ќе ги интегрира сите предмети во рамките на еден работен ден, особено за учениците. Ние се обидуваме што е можно повеќе да ги создадеме сите услови и сите можности наставниците да реализираат активна настава и исто така интерактивен пристап кон нивната работа преку создавање работни материјали, дидактички материјали, креирање прирачник за наставници, изјави за „Алсат“ Ајше Ајрулаи од Бирото за развој на образованието.

Бирото за развој на образованието вели дека новиот концепт на основно образование ќе започне со претходно обучен кадар. Наставниците од прво и од четврто одделение ќе бидат обучени во текот на април за да продолжи обуката во јуни.

Подоцна во текот на месец јуни да се спроведат обуки кои главно се поврзани со спроведување на наставните програми и како со употреба на нови работни методи и методи кои обезбедуваат позиција на ученикот во центарот на вниманието на училиште и употреба на активни методи кои ќе им овозможат на нашите ученици да станат конкурентни со ученици од други земји во однос на учеството на разни меѓународни тестови, вели Ајрулаи.

Исто така, Бирото за развој на образованието соопшти дека учениците од прво до трето одделение ќе имаат обични книги како што е сега. Сепак, според Ајрулаи, не е исклучена можноста за создавање дидактички материјали во електронска форма.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This