ПРВО СООПШТЕНИЕ НА ДИК: Гласањето се одвива во најдобар ред нема пријави за нарушувања!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сите гласачки места во дијаспората и во казнено-поправните установи во земјава се отворени и гласањето се одвива во најдобар ред, соопшти денеска Државната изборна комисија.

dik_portparol2
„Сите гласачки места во казнено-поправните установи се отворени во 7 часот и гласањето таму ќе трае до 19 часот. На овие гласачки места, своето избирачко право ќе можат да го остварат 2.015 гласачи. Во текот на денешниот ден ќе гласаат и лицата кои се наоѓаат во центрите за внатрешно раселени лица, а такви гласачи има вкупно 13. Во своите домови избирачкото право ќе го остварат вкупно 5.746 гласачи“, информираше Љупка Гугучевска од ДИК на денешната прес-конференција.

Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои поднеле пријава за гласање во странство се запишани 20.573 гласачи. Своето избирачко право ќе може да го остварат во текот на денешниот ден на 46 избирачки места во странство.

„Сите гласачки места на територијата на Австралија, Азија и Европа се отворени и гласањето се одвива во најдобар ред“, изјави Гугучевска.

Според неа, , своите гласачки ливчиња треба да го обележуваат исклучиво со заокружување на редниот број пред подносителот на листата, заокружување на симболот на подносителот на листата или на целиот назив на подносителот на листата со хемиско пенкало во сина боја. Ливчињата обележани на поинаков начин ќе се сметаат за неважечки.

Одговарајќи на новинарско прашање, таа информираше дека се уште немаат официјални податоци за одѕивот денеска на болните, затворениците и внатрешно раселените лица, и во текот на денот откако ќе ги добијат ќе ги испратат.

Таа додаде дека интересот за набљудување на овие избори од страна на домашни и странски организации и медиуми е голем и дека од ДИК се издадени акредитации за 7.585 домашни и 667 странски набљудувачи, како и за 354 преведувачи и 75 странски новинари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This