April 23, 2024, 11:07 am

Првпат жена кaндидaт зa пpeтceдaтeл на Сириja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Жителка на сирискиот главен град Дамаск достави документи за учество на претстојните претседателски избори во Сирија, објави претседателот на Парламентот, Хамуд Сабаг.

Фатен Али Нахар (50) стана првата жена која се кандидираше за шеф на државата.

Вторите избори од почетокот на граѓанската војна пред десет години се закажани за 26 мај, но тие се повеќе симболични, бидејќи се очекува да ги освои претседателот Башар ал-Асад, објавија западните медиуми.

Сиријците кои живеат во странство ќе гласаат на 20 мај.

Малку податоци се познати за Нахар. Претседателот на Парламентот ги објави нејзината возраст, местото на раѓање и името на мајката. Сепак, на социјалните мрежи нема информации за неа.

Покрај Нахар, досега се пријавени уште двајца кандидати за учество на изборите, вклучително и бизнисмен кој се кандидираше во 2014 година, кога претседателот Башар Асад освои речиси 90 проценти од гласовите. Асад се уште не ги доставил своите документи, но повеќето луѓе очекуваат тој да се кандидира за четврти седумгодишен мандат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This