ПРВ ВО СВЕТОТ: Канадската фирма Хемперт го дизајнираше првиот авион во светот направен од кaнaбиc

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од ден на ден техниката и технологијата е во подем и се изнаоѓаат разни нови материјали за градба на воздухоплови. Се започна со градба на воздухолови од дрво, па од метал, титаниум, јаглеродни влакна, од кевлар, а се чини дека наскоро ќе го видиме и првиот авион од кaнaбиc, односно од влакна од кaнaбиc.

Канадската фирма Хемперт којашто се бави со производство на кaнaбиc и негови преработки, го дизајнираше првиот авион во светот направен и придвижуван кaнaбиc.

Интересно е дека сè, од седиштата, преку крилата и тpyпoт, до стабиизаторите на авионот, па дури и перниците за патниците, ќе биде изработено од коноп. Распонот на крилата на авионот е 36 метри, комотно ќе може да го управува еден пилот и има простор за 4 патници. И што уште? Ах, да – ќе работи на 100% масло од кoнoп!

Конопот е полесен од традиционалните материјали за изградба на воздухопови, какви што се специјалната легура дуралуминиум и фиберглас материјалот, на пример. Ова овозможува користење на помалку гориво за да се достигне потребната висина и, секако, поекономичен лет од другите авиони. Најважно од сè е тоа што конопот е нeтoкcичeн, издржлив, и иако бара повеќе вода и земјиште за одгледување од памук, во спореба со челикот или јаглеродните влакна, тој речиси и да нема влијание врз животната средина.

Главниот извршен директор на Хемперт, Дерек Кесел, изјави: “Овој авионски проект е нашиот прв експеримент со индустриски коноп којшто планираме да го примениме и за многу други проекти. Откако направиме структурно тестирање и добиеме информации од овој проект, ќе ги примениме за други форми на градба. Ова е иднина што ја посакуваме сите на Земјата. Небото не може да биде граница.“

Инаку по испитувањата се покажало дека со специфичниот начин на обработка добиениот материјал од коноп е 10 пати појак од челик.

Канадската компанија Хемперт, основана 2012 година, покрај маслата од кaнaбиc и кaнaбиc, веќе има изработено и продава и даски за сурфање, панели за изолација, замена за пластика сите изработени од кaнaбиc, а неодамна информираше и дека работи на првиот телефон изработен од коноп. За изработка на авионот Хемперт веќе потпишала договор со компанијата Велосити Инк од Флорида, композитните материјали коишто треба да ги заменат деловите од фиберглас би требало да се произведуваат во Монтреал.

Правејќи резиме, можам да истакнам дека поедини мислења дека конопот, односно Мapихyaнaтa, служи само за користење како oпивкa се погрешни. Неодамнешните зaкaни дека нема пласман за индустриски одгледуваниот коноп, потенцирани во нашата земја, се погрешни. Само треба да се пронајде вистинската намена или пласман, а крајна дестинација би можела да биде и индустријата за изработка на воздухоплови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This