ПРВ РОДЕНДЕН КАКО ПРВА ДАМА НА ДРЖАВАТА: Елизабета заедно со синот и претседателот Стево го прослави својот роденден

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сопругата на новиот претседател на Македонија Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска, првиот ден како прва дама на Македонија наполни 47 години. Пријателите и го честитаа роденденот на социјалните мрежи. Елизабета со Стево, кој на 3 април наполни 56 години, е во брак 20 години.

Елизабета за време на претседателската кампања постојано беше со својот сопруг и беше неговата најголема поддршка за целото време. Го следеше на настаните, а по победата прославија заедно со нивниот син.

Елизабета, која е вработена на Клиниката за детска и превентивна стоматологија и е професорка на Стоматолошкиот факултет при УКИМ во Скопје, во еден од своите настапи за време на кампањата му порача на народот на еден митинг дека не треба да бидат загрижени воопшто знаејќи го Стево како прекрасен сопруг и татко.

Во екот на предизборната кампања и Пендаровски го прослави роденденот. На трети април годинава тој наполни 56 години, а со јавноста сподели фотографија од роденденската торта покрај која позира заедно со сопругата и синот.

-Роденденот го одбележувам со најблиските. Заедно поминуваме низ најтешките мигови и се радуваме на највеселите. Тие се мојата најголема поддршка и инспирација. Заедно напред – објави тој минатиот месец.

Во претходни интервју тој раскажа дека на сопругата најчесто и подарува цвеќе, или како што рече, како лош балканец и дава пари таа да си купи што сака, бидејќи не бил вешт во избирањето на подароци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This