April 23, 2024, 12:48 pm

Прв час од бесплатните курсеви по руски јазик

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска се одржа првиот час од бесплатните курсеви по руски јазик организирани од Рускиот центар при УКИМ, за кои на отворениот повик се пријавиле речиси илјада кандидати.

univerzitet

Поради големиот интерес и за да им се овозможи на сите кои сакаат да го изучуваат рускиот јазик, бесплатните курсеви ќе се одржат во три турнуси до крајот на академската 2016/2017 година.

Ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски на почетокот на првиот час истакна дека радува фактот што по долгогодишна стагнација, заинтересираноста за учење на рускиот јазик во Македонија повторно се зголемува.

– Овој јазик на кој зборувале и твореле голем број писатели, научници, мислители, кој претставува ризница на светската култура, јазик со кој комуницира голем број од светот, и навистина заслужува олкав голем број курсисти. На конкурсот се пријавија безмалку илјада лица, што за нас е вистинско изненадување, рече Јанкуловски.

Додаде дека Рускиот центар при Скопскиот универзитет, отворен во јануари годинава, многу бргу прераснал во сериозен центар преку големиот број организирани настани со кои, како што рече, ја поттикнал заинтересираноста на македонските граѓани за рускиот јазик и култура.

Амбасадорот на Руската Федерација во Македонија Олег Николаевич Шчербак посакувајќи им успех на курсистите истакна дека токму изучувањето на рускиот јазик е една од најважните насоки на дејноста на Рускиот центар.

– Убеден сум дека курсевите по руски јазик ќе имаат многу добра иднина и перспектива. Рускиот е јазикот на Достоевски, на Толстој, но освен тоа, тој е јазик и на голема наука и на голем бизнис. На руски јазик зборуваат повеќе од 300 милиони луѓе и знаењето на рускиот јазик во современиот глобален свет ја зголемува конкурентноста на оној што го познава, рече Шчербак.

Нагласи и дека рускиот и македонскиот јазик се блиски поради заедничките корени и дека курсевите се отвораат во годината кога се одбележуваат 1100 години од упокојувањето на Св. Климент Охридски.

Професори на курсистите ќе им бидат поранешни студенти на УКИМ, кои дипломирале на групата Руски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This