ПРЕБРОЕНИ 100 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: По сите преброени гласови, нема промена на мандатите – ВМРО-ДПМНЕ победи, СДСМ загуби!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И според најновите бројки објавени попладнево на интернет страницата на ДИК, ВМРО-ДПМНЕ останува во водство со најголем број освоени гласови и мандати. Според електронската регистрација, владејачката партија има освоено вкупно 454.519 гласа, додека за СДСМ својот глас го дале вкупно 436.823 македонски граѓани. За ВМРО-ДПМНЕ 51 мандат, за СДСМ 49 мандати

dik-2

Без никаква промена во мандатите останува крајната распределба меѓу политичките партии, покажуваат резултатите на избројаните гласови по процесирањето на сите 3.524 гласачки места од шесте македонски и една дијаспорска изборна единица. Тоа барем може да се заклучи од апликацијата за електронско броење на гласовите, која се ажурира на интернет-страницата на Државната изборна комисија.

Последното ажурирање на податоците од апликацијата беше денеска во 14 часот и 10 минути, при што е назначено дека гласовите се избројани и процесирани во 100 отсто од избирачките места.

dik sednica_infomaks

Така, и според овие бројки, ВМРО-ДПМНЕ и натаму останува во водство во најголем број освоени гласови и мандати. Според електронската регистрација, владејачката партија има освоено вкупно 454.519 гласа, односно 38,14 проценти, додека за најголемата опозициска партија, за СДСМ, својот глас го дале вкупно 436.823 македонски граѓани, односно 36,65 проценти.

Кај албанските партии и натаму ДУИ има освоено најмногу гласови, односно 86.848, што е еднакво на 7,29 отсто освоени гласови. За движењето БЕСА својот глас го дале 57.933 граѓани, односно 4,86 отсто. ДПА, пак, е со многу послаб скор, односно 31.027 освоени гласа, или 2,60 проценти.
prebroja_-_01a

Распоредот на кандидатите и натаму останува ист. ВМРО-ДПМНЕ води со 51 освоен мандат, СДСМ имаат 49 освоени мандати, ДУИ е на трето место со 10 освоени мандати. На четврто место е БЕСА со пет мандати, по што следува „Алијансата за Албанците“ со три мандати и на крај е ДПА со два мандата.

Истите бројки беа потврдени и вчеравечер. Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, ги соопшти првите официјални резултати од гласањето, а според кои се покажа дека владејачката партија е победник на изборите.
prebroja_-_01

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вчеравечер одржа победнички говор во кој нагласи дека идната влада ќе работи на намалување на политичкиот и на етничкиот јаз меѓу граѓаните.

– Ќе работиме на тоа да се намали политичкиот јаз меѓу граѓаните на Македонија. Ќе работиме на намалување на тој јаз, на обединување, Македонија да ја изградиме со повисок стандард, да ја направиме земја што ќе се движи кон Европската Унија. Тоа немаше да биде можно без поддршката од граѓаните кои создадоа атмосфера на мирни, конкурентни избори – рече Груевски.

prebroja_-_02

Од СДСМ, пак, и натаму не ги признаваат изборните резултати, а утрово излегоа со соопштение во кое нагласуваат дека се можни промени на бројот на освоени мандати во дел од изборните единици.

„Објавените првични неофицијални резултати на ДИК покажуваат неизвесност околу бројот на добиени пратенички мандати. Мал број гласови се одлучувачки за бројот на мандати во неколку изборни единици. Волјата на граѓаните за живот, за правда, за слобода е реализирана во услови на многубројни нерегуларности и притисоци во предизборниот и во изборниот период“, се вели во писменото соопштение на СДСМ.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This