Преговорите на Заев и Ахмети заглавија кај Зибери

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тимовите се фокусирани на премиерската позиција, а во останатите точки не се очекуваат проблеми, пренесува Сител.

СДСМ и ДУИ се во интензивни разговори за формирање нова Влада. Партиски извори и од двата табори брифираат дека има сериозен напредок во преговорите. Неофицијално, тимовите се фокусирани на премиерската позиција а во останатите точки не се очекуваат проблеми, јавува ТВ Сител.

Од СДСМ утрово во писмено соопштение излегоа со став дека владината програма ќе биде усогласена со програмите на СДСМ и ДУИ.

Oд ДУИ, пак, за Сител рекле дека нема нови детали во преговорите со социјалдемократите. Партискиот портпарол во последното гостување на Сител потенцираше дека ДУИ не се откажува од идејата за премиер Албанец. Доколку таа се реализира, Владата може да добие и поголемо мнозинство во Собранието особено имајќи го предвид ставот на Алијансата дека ќе го поддржи Насер Зибери да биде премиер.

Сепак, генералниот секретар на партијата, Арбен Таравари, изјави дека тоа не значи дека Села ќе му даде поддршка на ДУИ, бидејќи како што вели, нивните концепти многу се разликуваат. Таравари додава дека поддршката на Алијансата е само за кандидатот за премиер Албанец.

Во ВМРО-ДПМНЕ и денеска го повторуваат истиот став. Од партијата велат дека немаат нови детали кои би можеле да и ги соопштат на јавноста.

„Работиме на обезбедување мнозинство во Собранието, во однос на средбите со албанските партии во моментот кога ќе треба да се реализираат ќе ја известиме јавноста, не би навлегувал во детали“ – изјави партискиот портпарол Димче Арсовски.

Рокот во кој претседателот Стево Пендаровски треба да му го додели мандатот на новиот мандатар истекува в петок.

Извор: Сител

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This