ПРЕГОВОРИТЕ СЕ ИНТЕНЗИВИРААТ: Коѕцијас доаѓа во Скопје на крајот на февруари или почетокот на март

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се интензивираат преговорите на министерство ниво за решавање на спорот за името по најавите за доаѓањето на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во Македонија.

Од македонското Министерство за надворешни работи за МИА соопштија дека Коѕијас ќе дојде во Скопје до крајот на февруари или почетокот на март, а не како што претходно најавија грчките медиуми, во текот на неделава.

Како причина за пролонгирањето на посетата на Скопје се наведуваат згуснатите и веќе претходно договорени агенди на двајцата министри, Никола Димитров  и Никос Коѕијас.

Претходно, грчката телевизија „Алфа“ објави дека шефот на грчката дипломатија во следните денови ќе дојде во Скопје. Во прилогот емитуван во централното издание на вестите, новинарката повикувајќи се на свои извори, вели дека започнува клучна недела за преговорите, а Коѕијас на неговиот македонски колега ќе му ја достави нацрт-спогодбата што ја подготвува грчката страна.

Оптимист дека ќе се најде решение до Самитот на НАТО е и Зоран Заев, кој во интервју за австриската радиостаница ОРФ, вели дека верува оти успешно ќе завршат преговори до јули. Заев нагласува дека влезот на Македонија во НАТО е повеќе од извесен, доколку се пронајде решение за спорот.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This